in

Турски лекар го разви првиот тест за коронавирус преку урина!

Турски лекар, специјалист за физикална терапија и рехабилитација, Мехмет Серхан Куртулмуш, разви сет кој открива коронавирус во примерок од урина.

Тој рече дека работи на развој на сетот од март годинава и дека со помош на тој тест е можно да се откријат специфични елементи на коронавирусот што предизвикува инфекција со ковид-19 за само 15 секунди.

„Тестот е одобрен од голем број локални медицински институции и е лиценциран од турското Министерство за здравство“, рече Куртулмуш.

Посочувајќи дека тестот за урина се покажа како многу посигурен од другите видови што постојат на пазарот, Куртулмуш рече дека научниот труд за тоа е објавен во меѓународно научно списание.

„Нашата цел беше да направиме тест што луѓето ќе можат да го искористат за да го тестираат коронавирусот на најбезбеден, најбрз и најсигурен можен начин“, рече Куртулмуш, додавајќи дека ова е прв тест за урина за коронавирус.

Прочитајте повеќе за ковид-19 и последиците од пандемијата во земјата и светот на страницата Коронавирус.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote