in

НЕОЧЕКУВАНО! Твитер постави познат хакер како шеф на безбедноста!

Социјалната мрежа Твитер, која е соочена со сериозни безбедносни закани, ангажираше еден од најпознатите светски хакери за решавање проблеми, од инженерски грешки до ширење дезинформации.

Твитер вчера го назначи Питер Затко, познат по неговото хакерско име Муџ, за шеф на безбедноста и му даде широки овластувања да препорача промени во структурата и практиките, пренесува Ројтерс.

Затко во 90-тите години од минатиот век истовремено водеше доверлив бизнис за компанија што имала договор со владата и била водач на култот „Мртва крава“, група хакери, славни по објавувањето на хакерските алатки за Виндоус, за да го натераат Мајкрософт да ја подобри безбедноста.

Затко, меѓу другото, работеше на специјални проекти на „Гугл“ и го надгледуваше распределувањето на проекти за сајбер безбедност во Агенцијата за истражување и проекти на Пентагон (ДАРПА).

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote