in

Twitter ја повлече пораката на претседателот Бухари, Нигерија го затвори Twitter!

Нигериската влада објави дека ги суспендира активностите на Твитер на нејзина територија, два дена откако таа социјална мрежа повлече еден твит од претседателот Мухамаду Бухари.

„Федералната влада ги суспендираше на неопределено време активностите на услугата за микроблогирање и социјалната мрежа Твитер во Нигерија“, објави Министерството за информации.

Попладнево мрежата продолжи да работи во Нигерија, објавија новинарите на агенцијата Франс прес.

Твитер вчера повлече порака од нигерискиот претседател Бухари, бидејќи ги крши неговите правила. Потсетувајќи на граѓанската војна во Нигерија 1967-1970 година, во пораката се вели дека оние што денес се однесуваат лошо треба да бидат третирани со „јазик што го разбираат“.

Претседателот ја издаде пораката по серијата напади врз државните служби, главно во југоисточна Нигерија, за кои се обвинети регионалните сецесионисти.

Новинар на Би-Би-Си од Нигерија изјави дека ова е прв пат пораката на претседателот да биде избришана на Твитер.

Нигерискиот министер за информации Лаи Мохамед изјави дека Твитер може да има свои правила, но дека тие не се универзални и дека претседателот, ако е загрижен за некоја ситуација, треба да има слобода да изрази такво мислење.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote