in

Twitter воведува „не ми се допаѓа“ копче!

Корисниците на социјалната платформа Twitter ќе добијат нова работа, имено компанијата воведува копче обратно од популарниот „лајк“.

Оваа нова одлика се очекува да привлече нови корисници на оваа социјална мрежа. Од Twitter веќе го тестираа новото копче кај неколку корисници и засега добиваат позитивни коментари.

Неколку од корисниците покажаа загриженост дека со копчето „не ми се допаѓа“ само може да се продлабочи негативноста и малтретирањето кое веќе во големи количини е присутно на социјалните мрежи. Twitter тврди дека со ова копче ќе се подобрат онлајн-конверзациите помеѓу корисниците.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote