in

Тројца војници убиени во воена база во Русија, напаѓачот во бегство!

Војникот, кој е во бегство, застрела и уби тројца војници во воена база во западна Русија, објави армијата, пренесуваат руските новински агенции.

“Тројца војници беа убиени во нападот. Командата на воената област и безбедносните сили преземаат мерки за пронаоѓање и апсење на напаѓачот”, се вели во соопштението на Западниот воен округ, пренесува Интерфакс.

Агенцијата Тас наведува дека еден војник убил три лица во близина на воениот аеродром во близина на Воронеж.

Извор од регионалната служба за итни случаи изјавил дека напаѓачот се забарикадирал во базата.

“Еден припадник на армијата отвори оган со мало оружје што му го зеде на еден офицер. Три лица беа убиени. Сега тој се забарикадира на територијата на воената единица”, рече изворот, пренесува Тас

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote