in

УЕФА без казни за одметниците!

Европската фудбалска куќа Уефа им прости на клубовите кои ја испланираа идејата за Европската Супер лига, иако првично најавија казни за основачите на новото натпреварување.

Иако имаше најава дека главните иницијатори на натпреварувањето, Реал Мадрид и Јувентус, потенцијално ќе бидат суспендирани на една година од сите европски натпреварувања, тоа нема да се случи, пренесуваат медиумите.

Денеска во Нион беше одлучено, на вонредна средба на челниците на европскиот фудбал, ништо да не се случи.

Покрај „Реал“, Барселона и Јувентус, кои беа најупорни во спроведувањето на идејата за „затворена лига“, меѓу „одметниците“ беа Манчестер Сити, Манчестер Јунајтед, Челси, Тотенхем, Ливерпул, Арсенал, Атлетико Мадрид, Интер и Милан.

И покрај претходните најави, натпреварувањата во оваа сезона во Лигата на шампионите и Лигата на Европа ќе бидат комплетирани според предвидениот план.

Уефа не изрече казна за споменатите 12 екипи по средбата во Нион.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote