in

Што?Што?

УЕФА СО ИСТРАГА ПРОТИВ ЗЛАТАН ИБРАХИМОВИЧ!

УЕФА официјално започна истрага против шведскиот фудбалер Златан Ибрахимовиќ, кој е поврзан со обложувалница.

Пред две недели, шведските медиуми објавија дека напаѓачот на Милан се соочува со потенцијална тригодишна суспензија поради партнерство со обложувалница од Малта.

Во официјалното соопштение се наведува дека Ибрахимовиќ потенцијално ги прекршил дисциплинските прописи на УЕФА, бидејќи тој, наводно, има „финансиски интереси во работењето на една обложувалница“. Се додава дека дополнителни информации ќе бидат објавени подоцна.

Истрагата ќе утврди дали 39-годишникот го прекршил членот 12 (2), кој се однесува на лица кои директно или индиректно учествуваат во обложувалници или слични активности поврзани со натпревари, или кои имаат директен или индиректен финансиски интерес за такви активности.

Потсетуваме, Ибрахимовиќ неодамна потпиша нов едногодишен договор со Милан.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote