in

УЕФА ТВРДИ! Фудбалот е една од најбезбедните средини!

Протоколот што е утврден е робустен и ја гарантира безбедноста на сите инволвирани, рече претседателот на УЕФА, Александар Чеферин.

Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) спроведе 61.859 тестови на КОВИД-19 од 5 август до 15 октомври, а само 340 тестови, или 0,55 проценти, беа позитивни, со што фудбалот стана една од најбезбедните средини во светот, објави главната фудбалска организација на Стариот континент.

Во тој период се одиграа 526 натпревари во десет натпреварувања на УЕФА (Лига на шампиони, Лига Европа, Лига на шампиони за жени, Јуниорска Лига на шампиони, Супер куп, Футсал Лига на шампиони, Лига на нации, Еуро 2020, плејоф за У-21 и квалификации за ЕУРО за жени), а само 3,0 проценти од натпреварите се откажани поради вирусот корона.

„Протоколот што го воспоставивме е робустен и гарантира безбедност на сите вклучени, дури и во овие тешки моменти кога пандемијата напредува низ целиот континент“, рече претседателот на УЕФА, Александар Чеферин.

Натпревари според планот

„Тоа ни дава доверба дека нашите натпревари ќе се играат според планираното“, додаде тој. Тој рече дека протоколот за враќање во игра го направи професионалниот фудбал една од најбезбедните средини во светот. „Неверојатно е достигнување да можете да играте повеќе од 97 проценти од натпреварите според распоредот“, истакна Чеферин.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote