in

БИЗАРНО! Уапсени поради убиство и трговија со коски на лавови!

Властите во Уганда уапсија четворица мажи осомничени за убиство и расекување на шест лавови во Националниот парк „Кралица Елизабета“.

Националниот парк се наоѓа на 300 километри западно од главниот град Кампала.

Ројтерс известува дека Управата за диви животни во Уганда го потврди апсењето на четворица мажи осомничени за убиство на лавови и објави дека се верува дека животните кои биле откриени во петокот со отсечени глави и шепи, биле претходно отруени.

Во понеделникот, лондонската хуманитарна организација за заштита на животните „Светска заштита на животните“ (WAP) објави дека убиството на лавови може да биде поврзано со зголемената побарувачка за коски на лав во Азија, бидејќи тие се користат за производство на традиционални лекови.

Трговијата со диви животни е сè поголем проблем во Уганда, а некои од најтешките злосторства од ваков вид се казнуваат со доживотен затвор.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote