in

КАКО ВО ХОЛИВУДСКИ ФИЛМ! Од царинска управа во Германија биле украдени 6,5 милиони евра!

Провалниците украле 6,5 милиони евра во готовина од зградата на царината во Емерих на Рајна во западна Германија, каде што отвориле дупка во ѕидот на просторијата каде што се наоѓаат сефовите, соопшти полицијата, додавајќи дека кражбата се случила на 1 ноември.

Според истрагата, три лица во црна облека со темни капи влегле во зградата околу 6 часот наутро. Тие ја напуштиле зградата во 10:45 часот и заминале со бело возило кое претходно било исполнето со полни вреќи со пари.

Полицијата соопшти дека грабежот бил „професионално организиран и извршен“. Провалниците успеале да влезат во подрумот на зградата и со алатки да стигнат до просторијата со сефовите.

Царинската служба понуди награда од 100.000 евра за информации во врска со кражбата.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote