in

Украина ќе мора да го тргне натписот од нивните дресови за Еуро 2020!

На Украина и беше наредено да го тргне „политичкиот слоган“ од своите дресови за Еуро 2020.

На дресот, кој може да се види мапа која ја вклучува територијата Крим како дел од Украина, пишува „слава за хероите“. Европската федерација претходно го дозволи овој дрес. Но поради протестите на Русија, УЕФА сега се одлучи да ја поништи првичната одлука и ѝ нареди на Украина да го отстрани натписот.

Слоганите „слава за Украина“ и „слава за хероите“ можат да се видат на жолтиот дрес, но тие се и официјален поздрав на војската во Украина. Корените на овие фрази потекнуваат уште во времето на Советскиот сојуз.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote