in

СлаткоСлатко

Украински бегалец освои 500.000 евра на лотарија во Белгија

Добитникот е на возраст меѓу 18 и 24 години и живее во Брисел изминатата година, објави Ројтерс.

Тој минатиот месец на бензинска пумпа купил лото ливче од пет евра, кое по успешното гребење го помножил со 100.000 пати.

Идентитетот на добитникот ќе остане непознат, како што е правилото за сите добитници на лотарија во Белгија.

Портпаролката на Националната лотарија Џоке Вермер рече дека добитникот имал измешани чувства.

Таа спомна дека мажот, иако е среќен во Белгија, каде што се вработил, би сакал да се врати во Украина штом ќе заврши војната.

Добивките на лотарија во Белгија се ослободени од данок, а куриозитет е што минатата година165 луѓе од едно мало белгиско село освоија 142.897.164 евра на лотарија.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote