in

Што?Што?

Украинка дизајнирала вертикални сончеви панелки за на тераса

Европа e среде топлотен бран, а прогнозите не ветуваат подобрувања… Според познавачите, и човековото влијание врз климатските промени достигнува нови нивоа секој ден.

Светот сѐ уште зависи од фосилните горива, така што ниту еден континент не е безбеден од ефектите на глобалното затоплување, односно од последиците како што се поплави, суши, екстремни бури и пожари. За да се спречи тоа, светот мора да прифаќа сѐ повеќе алтернативи како што се обновливите извори и нуклеарната енергија.

Во таа смисла, Украинката Каролина Атцподина го отпочна проектот „Ние одиме соларно“ (WеDoSolar). Taa, именo, произведува вертикални сончеви панели дизајнирани за лесно да се прицврстат на балкон.

Овие панели би можеле да им помогнат на Европејците да го намалат испуштањето на јаглерод-диоксид за 600 кг. и да заштедат 25 отсто од енергијата. Исто така, би можело да помогне во ублажувањето на актуелната енергетска криза во Европа предизвикана од нападот на Русија врз Украина. За Европа со години е познато дека зависи од руските енергетски извори.

Сончевите плочки за балкони се најлесните во светот кога станува збор за решенија од овој тип. Комплетот се состои од осум панели со тежина од по еден килограм кои можат да се закачат на оградата на балконот и се отпорни на временски услови и воопшто не е потребна стручна помош. Во случај на потреба или преместување, панелите може лесно да се отстранат и презакачат.

Комплет од осум сончеви панели чини 1.299 евра, а постојат и поволности за вработени во големите корпорации.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote