in

Отстрането гнездото на стршленот убиец! [ВИДЕО]

Екипи под силна заштитна опрема го вакумираа првото гнездо на таканаречените стршлени убијци во САД во западноамериканската држава Вашингтон.

Земјоделскиот оддел во таа земја со недели трагал по стршлени, ги ловел и користиле забен конец за поврзување на уреди за следење на азиски гигантски стршлен, чии каснувања можат да бидат многу болни, но тие се најголемата закана за пчелите од кои зависат земјоделците затоа што ги опрашуваат растенијата.

Гнездо со големина на кошарка е пронајдено во градот Блејн во близина на границата со Канада, а во него имало помеѓу 100 и 200 од овие инсекти, според научниците кои го пронашле во петокот.

Специјално заштитените тимови вчера ги “заробуваа“ овие инсекти од дупка на дрво во големи канистри. Заштитни одела кои спречуваат убоди во должина од шест милиметри носеле работниците кои биле задолжени за оваа операција. Исто така имале и силна заштита на лицето бидејќи овие инсекти исфрлале отров.

Дрвото ќе се исече за да се извлечат можни млади стршлени и да се види дали кралиците веќе ја напуштиле кошницата, велат научниците. Официјалните лица веруваат дека во оваа област има повеќе гнезда со стршлени и дека ќе продолжат со потрага.

И покрај нивниот прекар и големата бучава околу откривањето на гнездото, најголемите стршлени во светот убиваат максимум неколку десетици луѓе годишно во азиските земји. Од друга страна, пчели и оси кои редовно се наоѓаат во САД убиваат просечно 62 лица годишно, изјави Центарот за контрола и превенција на болести.

Најголемата закана од гигантските азиски стршлени, долги пет сантиметри, е нивниот поразителен напад врз пчелите, кои веќе се погодени од други проблеми како што се болести, пестициди и загуба на храна.

Овој инсект најчесто се наоѓа во Кина, Јапонија, Тајланд, Јужна Кореја, Виетнам и други азиски земји. Американската држава Вашингтон и канадската провинција Британска Колумбија се единствените места каде што се пронајдени овие стршлени на американскиот континент.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote