in

Јунајтед е во страшна форма! Падна и Вила

Вчера во првите натпревари од Новата година во Премиер лигата, Манчестер јунајтед славеше со 2:1 против Астон Вила, а Вест Хем на гостински терен го изненади Евертон (0:1) во рамките од 17 коло.

Фудбалерите на Оле Гунар Солскјер дојдоа во водство со погодокот на Марсијал во 40 минута од средбата после асистенцијата на Ван-Бисака. Французинот ја продолжува одличната форма, тој на последните шест меча учествуваше во седум погодоци во сите натпреварувања, односно има учинок од четири асистенции и три голови.

Израмнија гостите преку Траоре (58`) по додавањето на Грилиш, но нивната радост траеше само три минути. Фернандеш повторно е херојот на Јунајтед, беше сигурен од белата точка за вкупно 10 победа сезонава на клубот од „Олд Трафорд“.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote