in

Манчестер Јунајтед купи нова потенцијална ѕвезда!

Манчестер јунајтед официјално има нов играч, крилото кое доаѓа од Брегот на Слоновата коска, Амад Диало. Трансферот беше завршен уште порано, поточно во октомври за 21 милион евра, и уште до 20 милиони како бонуси.

Диало досега беше дел од Аталанта, а со „црвените ѓаволи“ потпиша договор до јуни 2025 година со можност истиот да биде продолжен на уште една година. Оваа сезона настапи двапати за првиот тим на Аталанта, и во двата како замена во домашни натпревари.

Имаше 13 минути против Верона во италијанската Серија А на 28 ноември и во Лигата на шампионите неколку дена подоцна против Митјиланд од Данска.

18-годишниот играч кој редовно настапуваше во младите категории на италијанската екипа, за сениорскиот состав севкупно забележа пет настапи, со еден гол на неговото деби против Удинезе во октомври 2019 година.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote