in

Манчсетер Јунајтед со сите сили се обидува да го задржи Кавани за следната сезона!

Уругвајскиот напаѓач, Едисон Кавани имаше одлична сезона со Црвените Ѓаволи, по што тимот од Манчестер ќе се обиде да го задржи во своите редови за следната сезона.

Кавани, 34, се приклучи на Јунајтед од ПСЖ минатиот октомври и потпиша едногодишен договор со опција да го продолжи уште 12 месеци, доколку тој одлучи. Според најновите информации кои пристигнуваат од блиски извори на клубот, Уругваецот ја разгледува можноста да продолжи со Јунајтед и следната сезона.

Минатиот четврток, по натпреварот со Рома, менаџерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солшер изјави дека сака Кавани да остане во неговиот состав. Кавани и покрај потешкотиите кои ги доживеа на почетокот на сезоната, сепак успеа да постигне неколку битни погодоци за клубот.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote