in

Универзитетот во Оксфорд отвора институт за истражување на резистенција на антибиотици!

Универзитетот во Оксфорд одлучи да отвори нов истражувачки институт посветен на борбата против резистенцијата на антибиотици.

Оксфорд вели дека ова е една од најголемите растечки закани за глобалното здравје, која секоја година одзема милион и пол животи во светот.

Институтот ќе биде финансиран од мултинационалната хемиска компанија „Инеос“, која за тоа ќе одвои 100 милиони фунти.

Новиот институт за антимикробна резистенција ќе вработи 50 истражувачи кои ќе ја испитаат прекумерната употреба и злоупотреба на антибиотици, што може да предизвика смрт на 10 милиони луѓе до 2050 година, предупредуваат научниците од Оксфорд.

Универзитетот вели дека рутинските операции ќе станат поризични без соодветни антибиотици.

„Зголемената закана од бактериска резистенција на антибиотици е еден од најчестите проблеми во времето во кое живееме. Сè уште имаме можност да го смениме текот на дејствување и да спречиме она што некогаш беше незамисливо да стане неизбежно денес“, рече Дејвид Свитнам, хирург и советник на Институтот..

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote