САД стана првата држава која забележа 100,000 заболени од корона вирусот во еден ден. Точно 100,233 случаи беа пријавени во петокот во САД на 30 Октомври, а 91,000 беа пријавени денот претходно. Сето ова придонесе САД да стане прва држава во светот која надминува 100,000 случаи во еден ден.

Додека претседателот Трамп тврди дека крајот на пандемијата е многу блиску, статистиката е доста контрадикторна на неговите изјави откако се повеќе и повеќе случаи се забележуваат секојдневно. Од почетокот на пандемијата САД има забележано 9 милиони заболени, додека 230,000 ја загубија битката со болеста.
Коментари
Loading…