in

Уште една жртва на немирите во Вашингтон – почина полицаец ранет за време на упадот во Капитол

Американскиот полицаец Брајан Сикник им подлегнал на повредите добиени за време на немирите предизвикани од демонстрантите кои упаднаа во зградата на Капитол.

„Офицерот Сикник беше повреден во судир со демонстрантите“, соопшти полицијата.

Тој е петта жртва кој почина од повреди добиени во средата, за време на упадот во Капитол Хил од страна на приврзаниците на Доналд Трамп.

За време на немирите беа ангажирани илјадници полицајци и припадници на Националната гарда кои беа распоредени во Вашингтон, а засега уапсени се 68 лица. .

Предлозите претседателот Трамп да се отстрани од функцијата пред официјално да му истече неговиот мандат се слушаат сè погласно.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

1 поен
Upvote Downvote