in

УбавоУбаво СлаткоСлатко

Само вака сигурно ќе изберете слатка и зрела лубеница: Генијален трик со кој нема грешка!

Сезоната на лубениците е во полн ек, а овој трик ќе им се најде на сите

Не постои човек кој не сака лубеница, но изборот на слатка и сочна понекогаш е вистинско мачење. Затоа искористете ги овие три одлични трикови и никогаш нема да погрешите при изборот:

1. Побарајте жолтеникава дамка на површината на лубеницата

Дали забележавте дамка на површината на лубеницата? Го претставува местото каде што лежела на земја за време на созревањето. Најзрелите лубеници имаат жолтеникава дамка, додека оние со бела или светло зелена боја треба да се избегнуваат бидејќи се набрани пред да созреат. Не купувајте лубеница која нема дамка на површината.

2. Погледнете го стебленцето

Потоа обрнете внимание на дршката. Кај свежата лубеница стебленцето е зелено, а кај оние кои долго стоеле е малку суво и жолтеникаво.

3. Звукот е клучен

Последниот чекор е тестот со „чукање“. Чукнете ја лубеницата и внимавајте на звукот – ако „ѕвони“ и се чини дека малку одекнува, речиси е сигурно дека лубеницата е зрела и слатка.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote