Осум од десет Италијанци би се вакцинирале против ковид-19, покажуваат резултатите од анкетата на агенцијата „Аднкронос“.
Пола или 53 проценти од оние кои би биле вакцинирани, сепак, се против вакцината да биде задолжителна, додека 43 проценти би почекале одредено време пред да се вакцинираат.
Италијанското Министерството за здравство соопшти дека се набавени 1,8 милиони дози на вакцини од „Фајзер“, а првенствено ќе бидат вакцинирани загрозени категории, како припадници на безбедносните сили, медицински персонал и лица од домови за нега на стари лица, итн.
Коментари
Loading…