Велика Британија ќе биде првата земја чии граѓани ќе можат да ја примат вакцината против корона вирусот, а првите дози се достапни од денеска, најпрво во болниците, а потоа и во другите здравствени институции. Вакцината најпрвин ќе можат да ја примат граѓаните кои имаат над 80 години, здравствените работници и негувателите во домовите за стари.
Британија минатата среда хитно ја одобри вакцината на Пфајзер/Биоентек. Беа порачани околу 40 милиони дози, а на секого му се потребни по 2, што знечи дека со нив можат да се вакцинираат 20 милиони граѓани. Првите неколку недели ќе бидат достапни околу 800.000 дози од вакцината за жителите.
Коментари
Loading…