Најновата вакцина која нуди заштита против КОВИД-19 е ефикасна 95%, според првичните податоци од Американската фармацевтска компанија Moderna. Во тестирањето за вакцината беа вклучени 30,000 волонтери само во САД. Само половина од испитаниците ја примиле вистинската вакцина, а другите ја примиле „плацебо“ вакцината.
Раните анализи на компанијата се базирани на првите 95 испитаници кои развиле симптоми на КОВИД-19. Само 5 од испитаниците се заразиле со КОВИД-19 од оние кои ја примиле вистинската вакцина, додека 90 биле од оние кој ја добиле плацебо вакцината. Moderna тврди дека според овие информации ефикасноста на вакцината е 94.5%.
Коментари
Loading…