Американскиот фармацевстски гигант Модерна ја објави нејзината цел, а тоа е да произведе околу 125 милиони дози од нивната вакцина за корона вирусот во првиот квартал од 2021. Според првичните информации од тестирањето на вакцината, нејзините резултати се оптимистични и ветувачки.
Имено вакцината на Модерна предизвикува имунитет против болеста кој трае најмалку 90 дена по вакцинирањето, покажа најновата студија која беше објавена во New England Journal of Medicine. Волонтерите кој учествуваа во процесот на тестирањето на вакцината ќе бидат следени 13 месеци и по сите изгледи овој период на заштита трае и повеќе од 3 месеци.