in

Валенсија го отпушти менаџерот Гарсија по само 10 месеци поминати во клубот!

Валенсија го отпушти својот менаџер Хави Гарсија по само 10 месеци поминати на клупата на Шпанците.

Валенсија беше поразена од Барселона во недела со резултат 3:2  и сега се наоѓа на само 6 бодови до зоната на испаѓање. Поранешниот менаџер на Вотфорд ќе ја напушти шпанската екипа откако успеа да победи на само 8 средби оваа сезона во Ла Лигата.

Клубот ја соопшти веста на социјалните мрежи и напиша: „Клубот сака јавно да му се заблагодари на тренерот Гарсија за неговата работа и пожртвуваност за време на овие 10 месеци поминати во клубот и му посакуваме успех во иднина“.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote