in

Ван Гал по трет пат на клупата на Холандија!

Луис ван Гал наскоро ќе седне на клупата на холандската репрезентација по трет пат и ќе го води тимот во продолжението на квалификациите за СП 2022 година, пренесува Де Телеграф.

69-годишниот тренер се согласи да соработува со раководството на здружението и ќе го наследи Франк де Бур на чело на националниот тим.

Холандската репрезентација славеше во сите три натпревари од групната фаза на Европското првенство во 2020 година, но беше елиминирана во првото коло од плејофот, сензационално загуби во осминафиналето од Чешка со 2-0.

Ван Гал ја водеше репрезентацијата од 2000 до 2002 година и од 2012 до 2014 година, а со него на клупата го освои третото место на СП 2014 година.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote