in ,

УбавоУбаво СлаткоСлатко

Како да се венчате во Италија и да добиете 2.000 евра

Ако отсекогаш сте сакале венчавка надвор од вашата земја можеби во Италија, ова е вистинската вест за вас. Можеби во вечниот град или во некој од ридските италијански градови.

Новата кампања на италијанскиот централен регион Лацио на паровите им нуди 2.000 евра да ги однесат токму таму. Италија ќе ви плати да се венчате, на пример, во Рим.

Кампањата беше лансирана за да се зајакне економијата во регионот и да се охрабрат паровите да го преземат овој чекор во времето по круната.

Кампањата, Nel Lazio Con Amore (Во Лацио со љубов), издвои 10 милиони евра за нови парови, пренесува CNN.

Ако вашата апликација е успешна, можете да ги искористите тие пари за сите работи што вклучуваат планирање свадба. Фустан, цвеќиња, шминка, па дури и изнајмување простор каде што би се одржал. А ако ви останат пари, дозволено е да потрошите 700 евра на медениот месец. Единствена финта е што треба да трошите пари со ангажирање на фирми од тој регион.

Како ви се допаѓа?

1 поен
Upvote Downvote