in

Венецијански бранови: Торта за романтични души!

Eдноставно ќе го обожавате

Состојки за тесто:

  • 250 грама путер
  • 250 грама шеќер
  • 6 јајца
  • 350 грама брашно
  • 1 прашок за пециво
  • 2 лажици какао
  • 300 грама цреши без семки

За фил – крема:

  • 500 мл. млеко
  • 1 пудинг од ванила
  • 100 грама шеќер
  • 250 грама путер
  • 1 лимон
  • 100 грама чоколадо за готвење
  • 100 грама млечно чоколадо

Начин на подготовка:

Прво го подготвуваме тестото. Со миксер изматете 250 грама путер и 250 грама шеќер и додадете, едно по едно, 6 јајца. Продолжете да мешате со миксер, после додадете брашно и прашок за пециво.

Кога состојките ќе се соединат, ставете еден дел од тестото во подмачкано, квадратно, огноотпорно тавче. Во останатиот дел додадете какао, промешајте и нанесете го врз жолтото тесто. Црешите наредете ги од компотот преку тестото. Печете 20 минути на 180 степени.

Кремата ја подготвуваме со истурање на поголем дел од подготвеното млеко во тенџере, додаваме шеќер и мешаме. Во преостанатото млеко додадете пудинг и промешајте. Постојано мешајќи во зовриеното млеко, истурете го омекнат пудинг. Оставете пудингот да се олади.

Во сад со путер, додадете ситно рендана кора од лимон, сок од лимон и мешајте со миксер додека путерот не стане пенлив. Додадете го изладениот пудинг и мешајте со миксер додека не се соедини филот. Нанесете го филот врз печената торта. Нанесете разладено растопено чоколадо врз филот. Со нож, чоколадниот прелив го шараме во форма на бран.

На здравје 🙂

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote