Макс Верстапен ја заврши својата фрустрирачка сезона со Ред Бул на најдобар можен начин, со победа на Големата Награда на Абу Даби. Холанѓанинот успеа да ја забележи втората победа во 2020, а болидите на Мерцедес, со кои управуваа Ботас и Хамилтон, завршина на 2ра, односно 3тата позиција.
Мекларен успеа да се искачи на третата позиција на конструкторите откако Норис и Саинц завршија како 5ти и 6ти. Пред нив се најде Албон, а зад нив Рикардо, Гасли, Окон и Строл.
Коментари
Loading…