in

Верстапен ќе стартува од пол позиција

Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен со имресивен перформанс стигна до пол позицијата во Франција.

Тој успеа да постави побрзо време од неговиот директен ривал за титулата Луис Хамилтон и беше побрз за 0.258 секунди. Ова е прва пол позиција за Холанѓанинот уште од првата трка оваа година којашто се одржа во Бахреин.

На третата позиција ќе тргне тимскиот колега на Хамилтон, Валтери Ботас, додека на четвртата се најде вториот болид на Ред Бул со кој управува Серџо Перез. Саинц е петти со Ферарим, а веднаш зад него стартува Гасли со Алфа Таури.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote