in , ,

Што?Што? WTFWTF

Верувањето вели: Ако го внесете овој предмет во куќата, ќе привлечете голема среќа, пари и благосостојба!

Експертите за фенг шуи објаснуваат зошто овој предмет е толку моќен

Според традицијата на фенг шуи, се верува дека фигурата на жаба, позната како кинеска жаба на пари или жаба на судбината, привлекува напредок, изобилство и пари во домот, пишува Lovesensa.

Во Кина, оваа жаба се нарекува и „Chan Chu“ и се верува дека ноќта на полна месечина може да очекувате добри вести во врска со материјалната состојба доколку во вашиот дом владее енергијат на жабата.

Постојат неколку видови на оваа среќна фигура, но правилата за фенг шуи нагласуваат дека најефикасна е жаба со три стапала што држи паричка во устата, бидејќи според легендата, оваа жаба скока низ куќата и ја остава енергијата на парите на секој агол од вашата куќа. Сепак, овие жаби не само што се чуваат дома, туку и многумина ги чуваат на работа со цел да привлечат богатство и да напредуваат на работа.

Сепак, не е доволно само да ја имате жабата со паричка, туку и да ги ставите на одредено место, советуваат експертите за фенг шуи. Ако ја поставите жабата на место спротивно на правилата за фенг шуи, можете да привлечете негативна енергија и да одбиете изобилство од себе секој ден.

Идеални места за поставување на жабата со паричка според правилата на фенг шуи:

  • Ставете ја жабата во близина на влезната врата.
  • Нејзината глава треба да биде свртена навнатре.
  • Привлекува најдобра енергија доколку ја чувате во дневната соба, посебно ако имате приватен бизнис.
  • За напредување во кариерата, ставете ја во северниот дел од дневната соба.
  • Ставете ја на маса, на пример на масичка за кафе.
  • Ако работите во канцеларија, чувајте ја на видливо место врз масата.

 

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote