in

Видео игра продадена за неверојатни 870.000 американски долари!

Оригиналната копија на видео играта на Nintendo „Легендата на Зелда“ е продадена на аукција за рекордни 870 000 долари, објави аукциската куќа Херитиџ.

„Таа беше sвезда на аукцијата“, изјави Ерик Бредли, портпарол на аукциската куќа со седиште во Далас, која не го објави името на купувачот.

Тоа е копија на играта од 1987 година, која е во запечатен оригинален пакет.

Аукциската куќа наведува дека станува збор за „светски рекорд за видео игра“.

Претходниот рекорд го држеше видео играта Супер Марио Брос од 1986 година, која истата аукциска куќа ја продаде за 660.000 долари во април.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote