in

СмешноСмешно Што?Што?

Видеото на Ибрахимовиќ од клупа стана хит: Погледнете како им пречи на соиграчите на сред натпревар (ВИДЕО)

Златан Ибрахимовиќ долго време не играше за Милан поради повреда, но е многу важен за соблекувалната на италијанскиот гигант, па голем дел од натпреварите на Милан ги следи од клупата за резерви и покрај тоа што е јасно дека неговиот влезот на терен не е опција уште неколку месеци.

Колку е популарен на клупата доказ е Ibra Cam, камера поставена само за да снима се што прави во текот на натпреварот.

Постои платформа на Милан која објавува снимки од секој натпревар на Росонерите, на кои исклучиво е прославениот шведски напаѓач.

 

Камерата го снима Ибрахимовиќ во текот на сите 90 минути, а потоа Милан на својот Јутјуб канал ги објавува најинтересните детали, пишува Индекс.

Видеото е објавено синоќа од натпреварот против Јувентус на кој Милан победи со 2:0, а следи како Ибрахимовиќ ги малтретира соиграчите. Се гледа дека во текот на целиот натпревар им пречи на Марко Лазетиќ и Алексис Саелемакерс на многу начини, од влечење до удирање.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote