in

ЕКСПЕРТИТЕ ПРЕДУПРЕДУВААТ: НЕМА ДОВОЛНО ДОКАЗИ ДЕКА ВИТАМИНОТ Д ШТИТИ ОД КОВИД-19

Нема доволно докази дека суплементите за витаминот Д ги штитат луѓето од ковид-19, соопштија британски експерти кои сепак продолжуваат да советуваат да се зголеми внесувањето на овој витамин во текот на зимата, бидејќи позитивно делува на здравјето на коските и мускулите.

Ова го порача научна комисија составена од експерти од Националниот институт за здравје и нега, Јавното здравство на Англија и Научниот советодавен одбор за исхрана, наведувајќи дека се потребни повеќе истражувања за ваквото тврдење, јави „Би-Би-Си“.

Здравствените екперти извршиле брза ревизија на доказите за врските меѓу витаминот Д и ковид-19, откако мал број на студии сугерираа дека тој може да игра важна улога во имунолошкиот одговор на организмот на респираторни вируси.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote