in

Големата Награда на Виетнам отстранета од календарот на F1 за следната година!

Големата Награда на Виетнам бепе отстранета од календарот за 2021 во F1, по што сомнежите се зголемија за нејзиното одржување. Улична трка во градот Ханои требаше да биде одржана минатиот Април пред да биде одложена поради пандемијата предизвикана од КОВИД-19. Датумот 22 Април, закажан за Виетнамското Гран При, е оставен празен во најновиот календар на F1 за 2021.

Календарот моментално потврди 22 трки, но можно е да биде додадена уште една за следната сезона. Тоа ќе биде нов рекорд на F1 за најмногу трки во една сезона. Следната сезона ќе започне на 21ви Март со традиционалната трка во Австралија, а ќе заврши на 5ти Декември со трката во Абу Даби. Саудиска Арабија дебитира на календарот со трка закажана за 28ми Ноември.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote