Астон Вила се соочува со големи проблеми поради коронавирусот, дури 10 фудбалери на првиот тим се позитивни на ковид-19, па поради тоа на англискиот шампион вечерва му се спротивстави со деца.
Децата на Вила во првото полувреме имаа и повеќе од добри 1:1 против Ливерпул кој настапи речиси со најсилниот тим и во второто полувреме за четири минути дојде до триумф.
Садио Мане го отвори резултатот уште во четвртата минута, но Луи Бери во 41. минута ги шокира ѕвездите на Ливерпул по одлично изведениот контра напад.
Во второто полувреме, фудбалерите на Ливерпул сфатија дека ова нема да биде лесен натпревар и ја целосно ја презедоа доминацијата која вроди со плод во 60. минута кога погоди Вајналдум. Три минути подоцна Мане зголеми на 1:3, а конечниот резултат го постави Мохамед Салах во 65. минута.
Коментари
Loading…