in

Виљареал стигна до важна победа на домашен терен против Арсенал!

Во рамките на Лига Европа се одигра првиот полуфинален натпревар помеѓу екипите на Виљареал и Арсенал.

Шпанците го отворија натпреварот на одличен начин постигнувајќи погодок уште во петтата мунута преку одличниот Тригерос Муњос. Во 29 минута водството на Виљареал беше дуплирано откако искусниот Раул Албиол погоди по асистенцијата на Морено.

Во второто полувреме Арсенал успеа да ја намали предноста на Виљареал и си ја олесни задачата за реваншот. За време на натпреварот беа исклучени Цебалос и Капуе. Реваншот ќе се одигра во Англија следниот четврток.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote