in

Вин Дизел има една цел, да го направи последното продолжение на Брзи и Бесни најдобар филм на сите времиња!

Популарниот акционен актор, Вин Дизел има едноставна цел: да го направи финалето на Брзи и Бесни најдобар филм во историјата.

Пред 20 години, Dom Toretto со својот Dodge Charger направи бум на бокс офисот. Филмот беше многу стилски подготвен, уникатен и полн со акција на почетокот на милениумот. Тоа беше почеток на една од најпопуларните франшизи во Холивуд.

Повеќе од 20 години подоцна, пристигнува крајот на франшизата. После голем број на филмови, беше откриено дека Брзи и Бесни ќе заврши со финален филм во два дела. Пред излегувањето на последните филмови, Вин Дизел откри дека неговата цел е да го направи ова најдобриот филм кој некогаш бил снимен.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote