in

УбавоУбаво

Вино разладено во длабочините на Охридското езеро во туристичката понуда!

Виното со идеална температура, разладено во длабочините на Охридското Езеро, е новина што Охрид ќе им ја понуди на туристите во оваа летна сезона, објави агенцијата Миа.

Се наведува дека оваа идеја не е нова и дека таквото искуство им е достапно на туристите на повеќе локации во Медитеранот.

Сепак, ова е прв пат да се доживее вакво нешто на Охридското езеро.

Специјална метална корпа во која ќе се лади виното се наоѓа на длабочина од 20 метри, а истата е поставена во Охридското езеро кај селото Трпејци од нуркачи на Клубот за подводни активности од Охрид.

Во корпата ќе бидат ставени 250 шишиња вино „далвина“, кои ќе се служат на барање на гостите на ресторанот во Трпејци.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote