in

Што?Што?

И ВИНОТО ПОВЕЌЕ НЕМА ДА БИДЕ ИСТО! Италијанците протестираат против плановите на ЕУ за можно разредување на виното со вода!

Италијанската винска индустрија остро се спротивставува на плановите на ЕУ за можно разредување на виното со вода со цел да се намали содржината на алкохол во неа.

Според италијанските медиуми, производството на вино без алкохол или вино со помал процент на алкохол се разгледува во Европа, а крајната цел на ваквиот предлог е унапредување на здравјето.

Министерот за земјоделство, Стефано Патуанели, објави дека Рим ќе се спротивстави на тоа, а здружението на земјоделци Колдирети предупреди на „измама на потрошувачите“, пренесува италијанската новинска агенција Анса.

Кориере дела Сера пишува за „бунтот во Италија“.

„Воведувањето на делумно и / или целосно намалување на процентот на алкохол во виното, како нова винска практика, претставува голем ризик и исклучително опасен преседан што сериозно би го загрозил идентитетот на италијанските и европските вина“, рече претседателот на Колдирети Еторе Прандини.

Продажбата на разредено вино како квалитетен производ досега беше забранета во Европа, потсетуваат другите претставници на оваа индустрија.

Некои алкохоличари сакаат да додадат обична или минерална вода во виното за да не се опијат премногу брзо, но вистинските познавачи на добра капка го пијат без никакви додатоци.

На полиците на продавниците, клиентите можат да најдат и вина кои се декларираат како безалкохолни.

Италија е прва во светот според количината на произведено вино, а годишниот приход, според последните податоци, изнесува околу 11 милијарди евра.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote