in

Виргил Ван Дајк се врати во Ливерпул!

Дефанзивецот на Ливерпул, Виргил Ван Дајк се врати во базата на тимот за да го продолжи закрепнувањето.

Познато е дека Холанѓанецот лекува сериозна повреда на коленото, со која се здоби на почетокот на сезоната, на 17 октомври 2020 година, на дербито против Евертон. Последните два месеци Ван Дајк ги помина во комплексот „Над ал Шеба“ во Дубаи, каде мина низ различни процеси на рехабилитација.

Сега, сепак, закрепнувањето ќе продолжи во Англија.

Ван Дајк го одработи својот прв лесен тренинг во новиот тренинг центар „АХА“ во Ливерпул. Трча малку, а потоа вежбаше во теретана.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote