in , ,

Што?Што?

„ВИРЏИН ГАЛАКТИК“ ПОВТОРНО ПРОДАВА БИЛЕТИ ЗА ПАТУВАЊЕ ВО ВСЕЛЕНАТА

Компанијата Вирџин Галактик во сопственост на милијардерот Ричарт Брансон, објави дека повторно пушта во продажба билети за комерцијални вселенски летови.

Картите за јавноста ќе бидат достапни од утре, 16 февруари, по цена од 450.000 долари, што вклучува депозит во износ од 150.000 долари.

„Планираме да обезбедиме летови за нашите први 1.000 клиенти откако за некој месец повторно ќе почнеме со давање услуги“ – објави главниот извршен директор на компанијата, Мајкл Колглазиер. По објавата на оваа вест, вредноста на акциите на Вирџин Галактик пораснаа за повеќе од 10 отсто.

Бидејќи компанијата во октомври минатата година ги одложи комерцијалните летови во вселената за последното тромесечие од оваа година, вредноста на акциите падна за 66 отсто.

Резервацијата за вселенски лет вклучува пристап во Заедницата на идните астронаути, која на членовите ќе им овозможи учество во настаните, патувања и подготовки за патување во вселената.

Меѓу компаниите кои настојуваат да го развијат вселенскиот туризам се и СпесјИкс на Елон Маск и Блу Оринџ во сопственост на Џеф Безос.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote