in

WTFWTF

Неверојатно – температури над 40 степени

Thermometer with high temperature on the city with glowing sun background. Heatwave concept

Територијата на целиот Балкански Полуостров, вклучувајќи ја и нашата земја се пред екстремно топол Африкански бран, и истиот во текот на следната седмица ќе донесе екстремно високи температури на воздухот, но и екстремно висок УВ&(коефициент помеѓу 9 и 10), истакна метеорологот, Славчо Попоски.

Според него, следената седмица ќе не зафати сушен период и екстремно топло време, а времето ќе биде претежно сончлево со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, и истиот повремено и локално ќе засилува на интензитет. Температурите ќе бидат значително над просекот за овој период од годината, односно ќе бидат невообичаено високи.

 

На многу места температурите во текот на следната седмица ќе се искачуваат над 30 – 35 степени, локално и до 40 предели.

 

Кај нас во Македонија во најтоплите централни и југоисточни предели во текот на следната седмица температурите ќе се искачат дури и до 43, 44 степени.  Во Скопје со овој топлотен бран температурата ќе се искачи до околу 40 степени.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote