in ,

Високите концентрации на полен го зголемуваат бројот на инфекции од Ковид-19

ВАШИНГТОН – Поголемите концентрации на полен во воздухот се совпаднаа со зголемувањето на бројот на луѓе кои страдаат од ковид, покажа големата студија.

Користејќи податоци од 130 локации во 31 земја, истражувачите откриле дека количините на полен во воздухот, комбинирани со влажност и температура, придонеле за 44 процентно зголемување на инфекциите со коронавирус во текот на пролетта 2020 година, објави Ројтерс.

Ефектот не е поврзан со алергии на полен, а извештајот објавен во понеделникот во Националната академија на науките на САД објасни дека изложеноста на полен на секоја личност ја намалува способноста на респираторниот тракт да се одбрани од вирусот со намалување на ослободувањето на антивирусниот протеин интерферон.

Студијата исто така покажала дека при слични концентрации на полен, бројот на инфекции се намалувал при „заклучувањето“, затоа што забраните за излегување го ограничувале пристапот до коронавирусот, но и до поленот, пренесува Танјуг.

„Бидејќи не можеме да избегнеме изложеност на полен, ги советуваме лицата кои имаат поголем ризик да носат специјални маски за филтрирање при високи концентрации на полен“, рече коавторот на студијата Атанасиос Дамиалис од Техничкиот универзитет во Минхен во Аугсбург, Германија.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote