Витаминот Д е исклучително важен витамин кој има силно влијание врз човечкото тело. За разлика од другите витамини, витаминот Д делува како хормон и секоја клетка во нашето тело има рецептор за тоа.
Намирници кои содржат голема количина на витамин Д се сирење, туна во конзерва, јајца, лосос, харинга, сардина.
Луѓето коишто недоволно внесуваат витамин Д во телото може да имаат проблем со коските, состојба позната како рахитис кај децата, односно остеомалација кај возрасните.
Препорачаната дневна доза на витамин Д е обично 400-800 IU, но многу експерти велат дека треба да се земе поголема доза. Особено затоа што недостатокот на витамин Д е многу чест, па се проценува дека околу една милијарда луѓе ширум светот имаат ниско ниво на овој витамин во крвта.
Најчести симптоми од недостиг од витаминот Д се замор, сонливост, премаленост, мускулна слабост, намален праг на болка, депресија, потење на главата, ексцентричност, сува кожа, кршлива коса и бавно заздравување рани.
Решението за користењето на витаминот Д е изложување на сончева светлина, што е бесплатно, но без претерано сончање, како и користење суплементи. Витаминот Д, според ова нејзино истражување, придонесува за поздрава кожа, управува со растот на клетките, ги запира воспалителните процеси и го контролира нивното размножување и е многу корисен во борбата против ракот, ги регулира хормоните, луѓето имаат поздрава коса, коски, подобра состојба со забите, посилен имун систем и др.
Коментари
Loading…