Иако формата е во облик на стапче за овој колач, ништо не ве спречува да правите sвезди, кругови и слични форми..
Состојки:
- 250 гр мелени ореви
- 250 гр шеќер
- 1 цело јајце
- 1 жолчка од јајце
- 1 белка од јајце
- 150 гр шеќер во прав
- малку сок од лимон
- малку сол
Подготовка:
Со миксер изматете 1 јајце и 1 жолчка со 250 гр шеќер. Додадете 250 гр мелени ореви и измешајте рачно. Смесата е малку леплива, па можете да користите проѕирна фолија за да ја развлечете. Исечете стапчиња со дебелина од 5 – 7 милиметри. Ставете ги стапчињата во плех за печење. Изматете 1 белка од јајце со 150 гр шеќер и малку сок од лимон, а потоа премачкајте ги стапчињата. Печете во рерна загреана на 100 степени еден час, а потоа уште половина час на 75 степени. Бидете сигурни дека белките остануваат бели.
Коментари
Loading…