Грчки десерт со карамелизирани ореви.
Состојки:
- 600 гр густ јогурт
- 100 гр ореви
- 3 лажици шеќер
- малку рендана кора од лимон
- 2 ванилин шеќери
- 4 лажици мед
Подготовка:
Ставете три лажици шеќер во тавата и загревајте. Кога шеќерот ќе се стопи и добие светло жолта боја, веднаш додадете ги оревите и промешајте. Извадете го од шпоретот.
Ставете ги карамелизираните ореви на парче мрсна хартија и оставете ги да се изладат целосно.
Кога оревите ќе се оладат, исечкајте ги во процесор за храна.
Измешајте ладен јогурт со ванилин шеќер и кора од лимон.
Подгответе четири чаши и започнете со редење на десертот.
Ред јогурт, па ред трошки карамелизирани ореви. Јогуртот нека биде одозгора. Врз десертот ставете по половина орев и декорирајте со малку мед!
Послужете веднаш.
Пријатно!
Коментари
Loading…