in ,

СлаткоСлатко УбавоУбаво

Комбинација од слатко и кисело, а КРЕМАСТО! Супер брз ЧИЗКЕЈК ОД ПОРТОКАЛ кој им успева на сите (РЕЦЕПТ)

Неверојатна, богата и полна со вкус за паметење – омилената торта на сите на сосема нов начин!

Доколку ви се допаѓа вкусот на чизкејкот, оваа варијанта збогатена со сок од портокал ќе ви стане омилена!

Се подготвува брзо и лесно, а невозможно е да пропадне!

Состојки:

За кората

  • 300 грама мелени бисквити
    100 грама путер
    5 лажици млеко
    1 лажица шеќер во прав

За фил

  • 500 грама крем сирење
    220 грама шеќер во прав
    1 кесичка ванилин шеќер
    100 милилитри сок од портокал
    2 цели јајца
    половина чаша кисела павлака

Подготовка:

Кора
Измешајте ги мелените бисквити и шеќерот, па додадете го растопениот путер и млекото. Сè убаво измешајте и притиснете во калапот.

Фил

Се мешаат крем сирењето, шеќерот и ванилиниот шеќер, па се меша со миксер, постепено се додаваат јајцата, сокот од портокал и павлаката.

Кога се убаво ќе се соедини, прелијте ја кората и печете 20-30 минути во загреана рерна на 180 степени.

Украсете со парчиња портокал.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote