in ,

СлаткоСлатко УбавоУбаво

Чоко-банана колач – десерт кој е совршена комбинација со кафе или чај!

Потребни состојки:

  • 200 гр Шеќер
  • 120 гр Брашно
  • 1 кесичка Ванилин шеќер
  • 40 гр Какао
  • 1 лажичка Прашок за пециво
  • 1 лажичка Сода бикарбона
  • 1 Банана
  • 1 Јajцe
  • 120 мл Топла вода
  • 60 мл Млеко
  • 60 мл Масло

 

Глазура:

  • 200 мл слатка павлака
  • 200 гр чоколадо
  • 10 гр путер

 

Подготовка:

  • Во садот за мешање додадете шеќер и ванилин шеќер, просејно брашно, какао, прашок за пециво и сода бикарбона. Измешајте ги сите состојки убаво да се соединат.
  • Изгмечете ја бананата со вилушка и оставете ја на страна.
  • Во друг сад за мешање, додадете го јајцето и изматете го. Потоа додаваме пире од банана и матиме малку. Во оваа смеса додадете млеко, вода и масло. Мешајте со жица за матење додека сите состојки убаво не се соединат.
  • Додадете ја смесата со течни состојки во садот со сувите состојки. Мешајте со жица за матење додека смесата не се соедини.
  • Истурете ја смесата во плех 30х20 см обложен со хартија за печење. Ставете го во веќе загреана рерна на 180С и печете околу 35-40 минути. Проверуваме дали тортата е печена со чепкалка за заби.
  • Во сад ставете коцки од чоколадо и малку путер. Потоа додадете ја веќе загреаната слатка павлака и мешајте додека не се стопат чоколадото и путерот и не се формира убав крем. Во случај чоколадото да не се стопи, смесата може да ја загреете малку во микробранова печка.
  • Ставете ја глазурата над колачот, убаво израмнете ја глазурата и оставете ја тортата да се олади на собна температура. Потоа ставете го во фрижидер да се излади добро.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote